Sunday, June 8, 2014

Едно име имаме, за него преговараме

Си имаме проблем со името, или проблем со неодговорноста на сопствените политичари?


Во последната своја изјава, Никола Груевски изјавува дека чека „Грција да најде сила“ и да го реши прашањето со името со нас.

Јас ја прашувам јавноста неколку логични прашања:
1.    Реално ли е да се очекува, тоа, што го кажува Груевски, било кога да се случи?
2.    Зошто Грција би ја напуштила позицијата што ја држи веќе со децении; позиција која е добитна за нив? Па нели е јасно како сончев гевгелиски ден дека напуштајќи ја таа позиција, било која владејачка гарнитура во Грција ќе ја изгуби поддршката а со тоа и власта? Им треба ли тоа?
3.   Дали Груевски, самиот, верува во тоа што го кажува? Ако верува, тогаш дали тоа значи дека тој е наивен идеалист, кој не е свесен за тоа како дејствуваат механизмите во меѓународната политика? Ако сум во право за последната теза, тогаш каде нè води таа наивност?

Сепак, јас верувам во способностите на Груевски да размислува и да донесува правилни (за него) судови и заклучоци. Од ова последното произлегува дека Груевски и самиот не верува во тоа што го кажува, тој знае дека прашањето со името е на спореден колосек. Тој знае, а по сè изгледа и не сака прашањето да биде решено. Сега, ако се земе предвид дека прашањето со името е нашата главна пречка за влез во НАТО и за интеграција во ЕУ, од горенаведените заклучоци, произлегува дека Груевски не сака Македонија да влезе во НАТО и да се интегрира во ЕУ.
А зошто Груевски не би ги сакал овие толку прокламирани „приоритети“ за државата?
Можеби, поради тоа што, нему, и на сета владејачка гарнитура околу него им одговара сегашната ситуација да трае во недоглед?
Тие сакаат оваа ситуација да не се менува затоа што ја сакаат власта и не сакаат да ги изгубат привилегиите коишто таа ги носи.

Излегува дека Груевски ги држи граѓаните на Македонија во заложници, за да остане на власт.

И да - не ми спомнувајте патриотски флоскули од типот: „Името не го даваме“.
Ако не сакаме да ни се промени името - ќе ги прекинеме преговорите со Грција. Ама и прекинот на преговорите не му одговара на Груевски; и тој потег внесува несигурност во неговото „владеење“.

Нели, ако Груевски „го брани“ и „не го дава“ името, тогаш зошто се продолжуваат преговорите?
Па, нели преговорите претпоставуваат „разумен компромис“, и кога две страни имаат дијаметрално спротивставени стартни позиции, компромисот (разумниот компромис, де) ќе биде најден некаде на средина?
Значи, компромисното решение, што би го постигнале ние со Грција, секако нема да биде нашата стартна позиција - уставното име на Р. Македонија.
Закучок: Ако има решение на преговорите со името - ќе има и промена на сегашното име. Претпоставувам дека Груевски не сака да се промени уставното име на Р. Македонија, затоа што не сака да ја изгуби поддршката од народот. Од последната претпоставка и од заклучокот даден погоре произлегува дека Груевски не сака да има решение на преговорите со името.

Значи Груевски е тој што „не наоѓа сила“, а ја потценува интелегенцијата на целата македонска нација, вклучително и таа на гласачкото тело на ДПМНЕ, манипулирајќи.

Конечна дијагноза: Манипулатори ги запоседнаа фотељите и со сите правди, а повеќе со неправди сакаат да останат на тие фотељи вечно.

Кој мисли дека моите заклучоци и поставени прашања не се логични, туку се збир на глупости - нека ми го аргументира тоа.

No comments:

Post a Comment